Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Министерството за правда и Управниот суд потпишаа меморандум со кој се подобруваат услугите кон граѓаните и правните субјекти

Во пресрет на Денот на правосудството, министерот за правда Игор Филков и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во пресрет на Денот на правосудството, министерот за правда Игор Филков и претседателот на Управниот суд, Бурим Сејдини, потпишаа меморандум за соработка, со кој се воспоставува рамка за дигитално поврзување и унапредување на електронската комуникација меѓу институциите преку софтверската платформа ЕПУС.

Целта на меморандумот е да се обезбеди побрзо, побезбедно и поефикасно водење на управните спорови, особено во постапките во кои Министерството за правда се јавува како тужена страна. Со неговата примена се овозможува целосна дигитализација на размената на документи и информации, што, како што посочуваат, значително ќе придонесе за намалување на административните процедури и забрзување на судските процеси.

Преку платформата ЕПУС ќе се овозможи електронска достава на тужби, одговори, жалби, судски одлуки и други акти, како и нивно интегрирање во електронско досие на предметот. Дополнително, системот овозможува навремено известување за сите процесни дејства, со што се зголемуваат транспарентноста и правната сигурност за сите учесници во постапките.

Реклама

Соработката, како што информираат од Министерството за правда, ќе се реализира во согласност со важечките законски прописи, вклучително и законите за управни спорови, општа управна постапка, судови, електронско управување и заштита на личните податоци. Особено внимание ќе се посвети на безбедноста и доверливоста на податоците преку примена на највисоки технички и организациски стандарди.

Министерството за правда ќе назначи овластени лица за работа со платформата, а Управниот суд ќе обезбеди техничка поддршка, пристап и обука за нејзино користење.

Овој меморандум не создава финансиски обврски за страните, туку претставува израз на заедничка заложба за модернизација на правосудниот систем и унапредување на институционалната соработка.

Од Министерството за правда посочуваат дека со овој чекор институциите прават значаен исчекор кон дигитализација на правосудството и подобрување на услугите кон граѓаните и правните субјекти.