Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Над 40 тони необележани јајца од Србија уништени на Дрисла

Повеќе од 40 тони необележани јајца од Србија се уништени на депонијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе од 40 тони необележани јајца од Србија се уништени на депонијата Дрисла. Запленети биле на граничниот премин Табановце, а требало дополнително да се обележат и лажно да се пласираат како македонски, соопшти денеска Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Станува збор за две пратки со над 572 000 необележани свежи јајца.

-Инспекциските служби и Одделението за следење измами со храна на АХВ, во координирана соработка со Царинската управа, минатата недела спречи обид за нелегален увоз на две пратки со неозначени јајца од Република Србија. Врз основа на оперативни сознанија и повеќемесечно професионално следење на активностите на домашни увозници и извозници со јајца, на граничниот премин Табановце беше спроведена акција во која при детална контрола се откриени над 572 000 необележани свежи јајца, скриени зад првите палети со уредно декларирана стока. Во едната пратка се пронајдени 270 илјади, а во другата 302 400 необележани јајца, информира АХВ.

Реклама

Според сознанијата на АХВ, благодарение на брзата, стручна и одлучна реакција, спречена е сериозна измама и потенцијален ризик за потрошувачите.

-Вкупната количина од 40 тони и 410 килограми јајца е прогласена за небезбедна и е нештетно уништена на депонијата Дрисла. АХВ уште еднаш ја потврдува својата клучна улога во заштитата на безбедноста на храната и интересите на граѓаните и домашните производители и останува посветена на бескомпромисна борба против измамите со храна, продолжувајќи со засилени контроли и активности на терен. За вклучените субјекти во овој случај ќе бидат изречени соодветни мерки, а ќе следуваат и дополнителни проверки на нивното досегашно работење, наведува Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).