Реклама

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Македонија

Собрани 80 тони кабаст отпад за седум недели во општина Кисела Вода

За само седум недели од воведувањето на новата услуга, Општина Кисела Вода…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За само седум недели од воведувањето на новата услуга, Општина Кисела Вода преку општинското Јавно комунално претпријатие „Кисела Вода 2022 – Скопје“ собра и правилно депонираше над 80 тони кабаст отпад. Оваа бројка е доказ за ефикасноста на проектот кој за првпат овозможува континуирано, а не сезонско подигнување на стариот мебел и крупен отпад. Најголем одзив за користење на оваа услуга досега е забележан во населбата Драчево, информира Општина Кисела Вода.

Постапката за пријавување е едноставна. Граѓаните можат да побараат подигнување на стар мебел, врати, прозорци, душеци и друг крупен домашен отпад на телефонскиот број 070/288-897, секој работен ден од 8 до 15 часот. По извршената пријава, екипите на ЈКП пристигнуваат во рок од 24 до 48 часа и го преземаат отпадот кој треба да биде оставен пред домот или зградата. Целиот собран материјал потоа безбедно се транспортира и соодветно се депонира во ЈП „Дрисла“, согласно еколошките стандарди. Притоа, важно е да се знае дека оваа услуга која чини 1500 денари, е наменета исклучиво за кабаст отпад и преку неа не се подигнува градежен шут, електронски отпад, стари гуми, бои или хемикалии.

– Да соберете 80 тони кабаст отпад за неполни два месеци значи дека сте спречиле создавање на десетици диви депонии низ општината. Оваа бројка најдобро покажува што се случува кога на граѓаните ќе им понудите системско и континуирано решение. Правилното одложување и селекцијата на отпадот веќе не ги оставаме на случајноста. Совесното однесување на жителите кои масовно ја користат оваа услуга докажува дека сите сакаме чиста животна средина, но за тоа на граѓаните им беа потребни соодветни услови и опции за одложување на отпадот, кои сега како општина им ги обезбедуваме- потенцираше градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.