Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Трипуновски: Никој не е над законот, нема заштитени лица, без разлика на нивната функција

– Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, во емисијата „Бизнис…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, во емисијата „Бизнис 21“, истакна дека системот функционира и дека нема заштитени лица, без разлика на нивната функција, информира Министерството за земјоделство во соопштение.

„Она што е важно е дека системот функционира, нема заштитени лица од позиција на функционери, секој кој што ќе го прекрши законот ќе одговара независно дали е од актуелната власт од било која позиција, така е и со овие два случаи“, нагласи министерот.

Тој направи споредба со минатото, посочувајќи дека тогашната власт, како што рече, се обидувала да заштитува и игнорира индиции за злоупотреби и криминал, додека денес, не е така.

Реклама

Министерот додаде дека никој не е и нема да биде над законот, нагласувајќи дека законите мора да се почитуваат и секој што ќе се огреши треба да сноси одговорност.

„Би сакал да ги охрабрам сите граѓани независно дали се земјоделци, дали се бизнисмени, ако имаат индиции за злоупотреба и дејствување надвор од законот, веднаш да пријават и веднаш ќе се делува“, порача министерот Трипуновски.

Министерот нагласи дека не чувствува одговорност, единствено чувство што го има е дека треба законот да делува подеднакво за сите.

„Ваквите постапки на Владата каде што се бори против корупцијата, треба да се поздрави“, истакна тој.