Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Во Крива Паланка промовирано книжевното првенче на Дара Димитровска “Шепотот на грлицата”

Првото книжевно дело на паланчанката Дара Димитровска, стихозбирката “Шепотот на грлицата”, синоќа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Првото книжевно дело на паланчанката Дара Димитровска, стихозбирката “Шепотот на грлицата”, синоќа беше промовирано во Националната установа Центар за култура Крива Паланка, во чест на Светскиот ден на поезијата. Промотор на книгата беше поетесата Оливера Станковска од литературниот клуб “Калин”.

-Со особена радост и топлина во срцето ја одбележавме прекрасната промоција на првенчето, книга поезија „Шепотот на грлицата“ од нашата сограѓанка Дара Димитровска. Настанот беше посветен на неодамнешниот Светски ден на поезијата, а истиот беше збогатен со инспиративното обраќање на промоторката Оливера Станковска, која со своите зборови ја доближи суштината и емоцијата на поезијата.Посебен шарм внесоа интерпретациите на стиховите од Марица Митева- Станковска, Вања Костовски и Ангела Илиевска, кои со својата изведба ја оживеаја поетската мисла, создавајќи незаборавна атмосфера исполнета со уметност и емоција, наведуваат од НУЦК Крива Паланка.

Вечерта во која присутните споделија љубов за поезијата доби дополнителна магија со музичката илустрација на Теодор Смиљков,

Реклама

Во Центарот за култура вечер ќе се одржи аудиција за градскиот хор што ќе го формира за првпат оваа установа.