Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Јавен повик во Македонска Каменица за формирање заедници на сопственици во станбените згради

Општина Македонска Каменица објави јавен повик со кој ги повикува сите сопственици…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Македонска Каменица објави јавен повик со кој ги повикува сите сопственици на станови во колективни станбени објекти да пристапат кон формирање заедници на сопственици како правни лица или управувањето да го доверат на лиценцирани управители, согласно важечката законска регулатива.

Со повикот се потенцира дека заедницата на сопственици претставува правно лице кое ги застапува интересите на станарите, управува со заедничките делови на зградата и носи одлуки во име на сите сопственици. Ваквата форма на организирање, како што наведуваат од Општината, овозможува и аплицирање на јавни повици и користење различни видови субвенции.

Паралелно, како алтернатива, се нуди и ангажирање лиценцирани управители на станбени објекти, кои се правни субјекти задолжени за одржување на зградите, постапување согласно одлуките на станарите и нивно застапување пред надлежните институции.

Реклама

Повикот се однесува на сите сопственици во колективни згради кои досега немаат формирано заедница на сопственици или немаат ангажирано управител.

Целта на иницијативата е да се подобри управувањето со станбените објекти, да се овозможи организирано носење одлуки за тековно одржување и инвестиции, како и да се создадат услови за користење општински субвенции, особено во делот на енергетската ефикасност, кои ќе бидат предмет на посебен јавен повик.

Од Општината информираат дека ќе започнат со воспоставување Регистар на заедници на сопственици, при што само регистрираните заедници или објекти со ангажирани лиценцирани управители ќе можат да ги користат мерките и поддршките што ќе се реализираат на територијата на општината.