Реклама

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Македонија

Општина Делчево воспостави систем за селекција на електронски отпад

Општина Делчево потпиша договор за соработка со ЕЛ КОЛЕКТ, со цел унапредување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Делчево потпиша договор за соработка со ЕЛ КОЛЕКТ, со цел унапредување на системот за управување со опасен, електронски и електричен отпад на локално ниво.

Во рамки на договорот, општината доби 15 контејнери за мешан комунален отпад, како и шест сета за селекција на електронски и електричен отпад, наменети за собирање кабли, фенови, сијалици и мали апарати за домаќинство. Сетовите се распределени во двете основни училишта, детската градинка и средното општинско училиште во Делчево.

-Како дел од активностите, денеска од страна на ЕЛ КОЛЕКТ беше испорачан и ЕКО магацин, кој привремено е поставен во дворот на ЈКП Брегалница, сè до обезбедување на трајна и соодветна локација. Дополнително, поставен е и собирен центар за електричен и електронски отпад на локацијата на стариот градски пазар во Делчево, каде граѓаните ќе можат безбедно да го одложуваат отпадот од ваков вид, информираа од Општината.

Реклама

Додадоа дека за поттикнување на селекцијата, на собирниот центар ќе има задолжено лице од ЈКП Брегалница, а контакт информации ќе бидат јавно истакнати.

Во текот на викендите, граѓаните ќе имаат можност отпадот да го оставаат покрај собирниот центар, по што задолженото лице дополнително ќе го внесе и соодветно ќе го одложи во рамки на центарот.

Со оваа соработка, Општина Делчево, како што подвлекоа, прави значаен чекор кон подобрување на еколошките стандарди и зголемување на јавната свест за правилно управување со отпадот.