Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, во работна посета на Куманово

Амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, денеска ја посети општина Куманово и се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Амбасадорот на ЕУ, Михалис Рокас, денеска ја посети општина Куманово и се сретна со кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски. На средбата, како што информираат од Општината, се разговарало за тековните реализирани проекти со поддршка на ЕУ.

– Денеска, градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски, оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас, и заменик-амбасадорот Бен Нупнау во рамките на предвидената работна посета на Куманово. На работната средба се дискутира за реализирани и тековни проекти со поддршка на ЕУ, значајни за развој на локалната заедница. Беше споделено обостраното задоволство од меѓусебните односи, кое ќе се одржува преку континуирана соработка и дијалог, со цел спроведување проектни активности во сите општествени области – наведуваат од Општината.

Евроамбасадорот одржа средба и со членовите на Советот на Општина Куманово, на која се разговараше на актуелни теми, со акцент на соработката со ЕУ и бенефит од спроведените проекти, кои имаат огромно значење за граѓаните на локалната самоуправа.