Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Мицкоски за употребата на името на Македонија: Невозможно е некој надворешен да дојде до говорот на првата дама на САД пред таа да го соопшти во јавноста

Зарем некој може да верува дека говорот на првата дама на САД…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зарем некој може да верува дека говорот на првата дама на САД пред таа да го каже во јавност не оди на рецензија кај некој дипломатски претставник? Јас не верувам во тоа – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ги написите во медиумите, во кои се наведува дека Грција реагирала бидејќи сопругата на претседателот на САД, Меланија Трамп, го употребила името Македонија на настанот во Вашингтон, на кој присуствуваше сопругата на премиерот, Рози. 

– Јас го прочитав тој напис во медиумите кај нашиот јужен сосед. Претпоставувам дека изворот е дипломатски. Зарем некој може да верува дека говорот на првата дама на САД пред таа да го каже во јавност оди на рецензија кај некој дипломатски претставник? Јас не верувам во тоа. Односно, ако тоа се случило, тогаш САД имаат сериозен проблем во безбедносниот протокол. А тоа што, претпоставувам, дипломатите од некоја амбасада сакаат да бидат интересни можеби за медиумите, па тоа го претставуваат како не знам каков дипломатски успех или нешто слично, тоа е друга тема, но верувајте, од моето искуство, да не речам невозможно е некој надворешен да дојде до говорот на првата дама на САД пред таа да го соопшти во јавноста. Оние што ова го осмислиле мислам дека направиле безуспешна играна серија – рече Мицкоски.