Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Хоџа: Водата е темел на економскиот развој, а правичното управување создава можности за сите

Водата е темел на економскиот развој, а правичното управување создава можности за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Водата е темел на економскиот развој, а правичното управување создава можности за сите – порача министерот Муамет Хоџа на одбележувањето на Светскиот ден на водата во Скопје.  

Најави дека со денешниот настан се отвора јавната консултација за управувањето со водите во сливот на реката Вардар – процес што треба да доведе до прв план за управување со речни сливови усогласен со европските стандарди.  

– Денес, официјално ја отвораме јавната консултација за извештајот за значајни прашања за управувањето со водите во сливот на реката Вардар. Тоа е клучна фаза во изработката на планот за управување со речниот слив. Одржливите решенија може да се создадат само со учество на оние што најмногу зависат од нив – рече Хоџа.

Реклама

Според него, транспарентноста и инклузијата се клучни за одржливи решенија. 

– Ова што го почнуваме денес е порака дека управувањето со водите во нашата држава се гради со транспарентност, инклузија и одговорност. Одржливите решенија може да се создадат само со учество на оние што најмногу зависат од нив – посочи Хоџа.

Амбасадорот на Швајцарија, Кристоф Зомер, ја истакна важноста на заедничката работа и на инклузивното управување со водните ресурси.

– Мотото „Каде што тече водата, расте еднаквоста“ потсетува дека инклузивното управување е предуслов за правичен развој. Во Македонија секторите зависни од вода сочинуваат речиси една третина од додадената бруто-вредност и над една третина од извозот. Овие бројки покажуваат дека заштитата и одржливото управување со водата не се само еколошки приоритет, туку и основа за економска отпорност, јавно здравје и општествена благосостојба – посочи амбасадорот.

На настанот се одржа и уметнички перформанс претставен од Шарлот Кин – уметница со седиште во Швајцарија, активистка за вода и основачка на „Средба на водите“.  

Настанот продолжи со панел-дискусија за родова и социјална инклузија во контекст на управувањето со водите и ризикот од поплави.

Светскиот ден на водата се одбележува секоја година на 22 март, со цел да се поттикне свеста за значењето на водата и потребата од одржливо управување со овој ресурс.