Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Летниот распоред на летови почнува со 10 нови дестинации од аеродромите во Скопје и Охрид, првите нови авиолинии на 29 и 30 март до Милано и Неапол

Од 29 и 30 март „Визер“ воведува три нови авиолинии – до…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од 29 и 30 март „Визер“ воведува три нови авиолинии – до Милано, Неапол и Будимпешта. Мрежата на авиолинии на скопскиот аеродром се проширува со вкупно шест нови дестинации, а на охридскиот со четири.

Летниот распоред на летови од двата македонски аеродрома управувани од „ТАВ Македонија“ почнува престојниов викенд – в недела, 29 март, и со него ќе има вкупно 10 нови дестинации – шест нови авиолинии од Меѓународниот аеродром „Скопје“: Неапол, Будимпешта, Палермо, Алгеро, Трабзон и Самсун, како и четири нови авиолинии од Аеродромот „Св. апостол Павле“ – Охрид: Милано, Виена, Вроцлав, Катовице.

– Сите 10 нови авиолинии што ќе бидат воведени со летниот распоред на летови на аеродромите во Скопје и Охрид оваа година претставуваат значаен чекор напред кон проширување на мрежата на дестинации. Тоа ќе овозможи подобра поврзаност на земјата со нови атрактивни градови, ќе отвори нови можности за туристички патувања за нашите ценети патници во заминување, места што беа многу барани и потребни, но во исто време ќе придонесе за дојдовниот туризам, со тоа тоа што странски туристи ќе доаѓаат во Македонија преку Меѓународниот аеродром „Скопје“ и Аеродромот „Св. апостол Павле“ – Охрид. Сезоната почнува со воведувањето на новата линија Милано – Охрид оваа недела на 29 март. Потоа, в понеделник, на 30 март, ќе почнат новите летови од Скопје до Неапол, а летовите од Скопје до Будимпешта ќе се вратат на редовниот распоред на летови. Уверен сум дека сите нови дестинации ќе создадат голем интерес кај патниците и ќе придонесат за континуитет на двоцифрениот пораст на патничкиот сообраќај што го бележиме од почетокот на 2026 година на двата македонски аеродрома“, изјави Неџат Курт, генерален директор на „ТАВ Македонија“.

Реклама

На 29 март, недела, „Визeр“ ја воведува новата линија Милано – Охрид, а на 30 март авиокомпанијата ќе почне да лета од Скопје до Неапол како нова атрактивна дестинација во Италија, истовремено враќајќи ја редовната линија од нашиот главен град до главниот град на Унгарија – Будимпешта.

Од 2 и 3 јуни „Анадолија џет“ ќе го поврзе скопскиот аеродромот со Трабзон и Самсун, а од 15 и 18 јули „Визер“ ќе го поврзе главниот град на Македонија со Палермо (Сицилија) и Алгеро (Сардинија).

Во рамките на летниот распоред на летови за 2026 година, кој почнува кон крајот на март и завршува на крајот на октомври, 15 авиокомпании ќе летаат до 54 дестинации од Меѓународниот аеродром „Скопје“, вклучувајќи ги редовните летови преку целата година и сезонските летови, а истовремено седум авиокомпании ќе летаат до 24 чартер-дестинации, што е вкупно 78 дестинации од главниот град на земјата.

Од Аеродромот „Св. апостол Павле“ – Охрид, во летниот распоред на летови, осум авиокомпании ќе летаат до 17 дестинации, од кои 14 се редовни дестинации преку целата година и сезонски дестинации, а три се чартер-летови.

По воведувањето на новата авиолинија од Охрид до Милано, во јуни „Визер“ ќе почне да лета и од Вроцлав и Катовице до Охрид. Од 17 мај „Аустријан ерлајнс“ ќе почне со летови од Охрид до Виена. Претходно овој месец, на 17 март, „Визер“ веќе почна да лета од Охрид до Братислава.

„ТАВ Македонија“, подружница на „ТАВ аеродроми“, членка на групацијата ADP, ги заврши првите два месеца од 2026 година со 539.474 патници на Меѓународниот аеродром „Скопје“ и на Аеродромот „Св. апостол Павле“ – Охрид. Ова е зголемување од 31 % на бројот на патници во споредба со истиот период во 2025 година. Во исто време, бројот на летови (3.766) порасна за 14 %.