Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Економија

Славески: Денарот е стабилен, институциите се подготвени за навремена реакција

Довербата во денарот и натаму е стабилна, без значителни промени во однесувањето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Довербата во денарот и натаму е стабилна, без значителни промени во однесувањето на депонентите – истакна гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Тој во гостување во емисијата на една од националните телевизии истакна дека по краткотрајните реакции карактеристични за секоја неизвесност, состојбата бргу се стабилизира.

– Нема намалување на депозитите, напротив, тие бележат раст, што е јасен показател за довербата на граѓаните во банкарскиот систем – посочи гувернерот.

Реклама

Според него, банкарскиот систем и натаму е стабилен и отпорен, со високо ниво на капитал и ликвидност. Адекватноста на капиталот изнесува околу 19 проценти обезбедувајќи значителен заштитен слој во услови на неизвесност.

Осврнувајќи се на инфлацијата, гувернерот истакна дека тековните случувања во светот носат одредени ризици, пред сè, преку цените на енергентите и нарушувањата во светските синџири на снабдување. Сепак, како што вели, Народната банка внимателно ги следи состојбите и е подготвена да реагира со сите расположливи инструменти.

Како дополнителен столб на стабилноста се посочени девизните резерви, кои на крајот на февруари изнесуваа над 5,5 милијарди евра, што е значително повисоко ниво од 70 проценти во однос на периодот пред пандемијата обезбедувајќи сигурна поддршка за стабилноста на девизниот курс.

Во однос на изборот на вицегувернери, гувернерот истакна дека постапката се одвива во согласност со законските процедури. Предложени се двајца високоискусни професионалци од Народната банка – госпоѓата Ана Митреска, досегашен вицегувернер со искуство во монетарна политика и истражување, и господинот Игор Величковски, експерт за платни системи и интеграција во регионални и европски платежни структури. Овие предлози обезбедуваат континуитет во работењето и дополнителна стабилност на институцијата.