Венко Филипче во Ниш се сретнал со Милјан Шчекиќ а во Грција со пријателот на Зоран Заев, Башановиќ, под целосна насока на Зоран Заев – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Филипче е без кредибилитет, не носи самостојно одлуки и е под целосна контрола на Зоран Заев.
Заев ја има клучната улога за селекција и поставување партиски функционира во СДСM, како што во минатото го постави Димитар Ковачевски. Сега преку Филипче, Заев директно го постави за шеф на ПР-комуникациите Башановиќ заедно со неговиот соработник Шчекиќ.

Башановиќ и Шчекиќ ја контролираат ПР стратегијата и јавните настапи на Филипче.
Башановиќ е човек со контроверзно минато, поврзан со сомнителни зделки во енергетиката и директно или индиректно вмешан во промената на името на државата Македонија.
Сега Башановиќ го советува СДСM и Филипче за секој јавен настап.
Односот на СДСM и Филипче кон јавноста, преку соопштенија и прес-конференции, е директно под диктатот на Башановиќ и Шчекиќ, луѓе ангажирани од Заев да ја водат партијата.
СДСM е партија во ерозија, Филипче е лидер без кредибилитет, под диктат на Заев додека довербата кај граѓаните секој дeн им се намалува.
СДСM не работи за граѓаните и членството, интересите на Заев и контроверзните Башановиќ и Шчекиќ диктираат сè.
