СДСМ како партија е „кукла на конци“, која се движи според агенда поставена од други, наместо од сопственото членство или јавностa. Филипче е лидер без кредибилитет, под целосен диктат на Зоран Заев, кој не може да ја консолидира СДСМ. СДСМ е партија во ерозија, маргинализирана опозиција, а Филипче ја сведе партијата на петто место во Скопје и трета партија во државата со под 100 000 гласа, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Филипче ја води СДСМ кон пропаст и целосно исчезнување додека по насока на Заев оди на средби во Ниш со Милјан Шчекиќ и во Грција со Башановиќ да договара пи-ар стратегии кои се промашени и пропаднати.
Пи-арот на СДСМ е под надворешно влијание под палката на Башановиќ, екссоветникот на Зоран Заев и неговиот соработник Милјан Шчекиќ. Се поставува прашањето, за какви интереси работи СДСМ и какви агенди спроведува?

Филипче е синоним за криминалното владеење на Заев. Додека СДСМ беа на власт, 3 пати ја зголемуваа акцизата, и сакаа да воведат и еколошка такса, со која дополнително ќе се зголемеа цените на горивата. Сега цените на горивата во Македонија, со интервенција на Владата и заложбите на претседателот Мицкоски, се останати исти како и минатата недела, додека во сите држави во регионот и пошироко се зголемени неколкукратно.
СДСМ додека беа власт го зголемија ДДВ-то за голем број прехранбени производи, со што ја откочија спиралата за зголемување на сите цени на производите. Инфлацијата во време на СДСМ и ДУИ беше двоцифрена.
Заради погрешните економски политики кои ги спроведуваше власта на СДСМ и ДУИ и кои ги оставија граѓаните да живеат со 150 денари на ден, а државната каса ја испразнија, сега Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ враќа наталожени долгови во висина од 2.5 милијарди евра.
Исто така, СДСМ го колабираше енергетскиот сектор, граѓаните плаќаа енормно високи сметки за струја додека кланот Заеви и Филипче профитираа од нивните фамилијарни бизниси.
Денес АД ЕСМ ги задоволува потребите на граѓаните и конзумот и продаваат струја навечер, со што имаме дополнителни приходи од страна на потрошувачите.
СДСМ е тотално без концепт, а изјавите на Филипче се како теоретичар на заговори, Филипче се скара со сите дома, а сега се обидува да ја скара Македонија и со стратешките партнери. На Филипче и СДСМ им пречи соработката и пријателствата што ги гради Македонија со стратешките партнери.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да гради пријателства и соработки со други земји, со цел подобро да ја позиционира Македонија на меѓународен план.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи транспарентно и отчетно, се креираат мерки и решенија кои ќе го олеснат животот на граѓаните и ќе го подобрат животниот стандард.
