Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Осумдесет и еден вработен во РЕК Битола со стомачни проблеми побарале лекарска помош

Осумдесет и едно лице, вработени во РЕК Битола, побарале лекарска помош во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Осумдесет и едно лице, вработени во РЕК Битола, побарале лекарска помош во ЈЗУ Клиничка болница Битола поради стомачни проблеми.

Во изјава за медиумите, Хараламбос Сидиропулос, специјалист инфектолог, истакна дека на сите им е укажана лекарска помош и најголем дел се испратени на домашно лекување.

„Во нашето одделение се јавија 81 лице со стомачни проблеми, повраќање и температура. Сите се со иста клиничка слика и како причина наведоа конзумирање на храна, лазањи со сос, во кујната на РЕК Битола. Повеќето работници се со лесна клиничка форма. На одредени лица им дадовме инфузија, а едно лице е упатено на Интерно одделение за понатамошна терапија“, изјави Сидиропулос.

Реклама

Надлежни институции вршат испитување и анализа на проблемот.