Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Минчев од Брисел: Имплементацијата на реформските процеси е клучна за евроинтеграција на Македонија

Напредокот на земјава во спроведувањето на реформата на јавната администрација, како и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Напредокот на земјава во спроведувањето на реформата на јавната администрација, како и за следните чекори во насока на усогласување на националниот систем со европските стандарди бил тема на средбата на министерот за јавна администрација, Горан Минчев со директорката за Западен Балкан во Генералниот директорат за проширување и источно соседство при Европската комисија, Валентина Суперти, реализирана на маргините на 14-тиот состанок на Специјалната работна група за реформа на јавната администрација, кој за првпат се одржува во Брисел.

Посебен акцент бил ставен на имплементацијата на започнатите реформски процеси, професионализацијата на администрацијата, зајакнувањето на системот базиран на заслуги и унапредувањето на квалитетот на јавните услуги за граѓаните.

-Реформата на јавната администрација претставува еден од клучните столбови во процесот на европска интеграција на државата. Во изминатиот период преземавме значајни законски и институционални чекори, а во следната фаза нашиот приоритет е нивна доследна и ефективна имплементација, со цел изградба на модерна, професионална и департизирана администрација, истакнал министерот Минчев.

Реклама

Во фокусот бил и Нацрт-патоказот за реформа на јавната администрација, кој во текот на 2024 и 2025 година беше дополнително усогласуван со Европската комисија, Реформската агенда 2024–2027 и препораките од извештајот на СИГМА. Патоказот, усвоен од Владата во ноември 2025 година, ги дефинира клучните приоритети за модернизација на јавната администрација.

Министерот Минчев нагласил дека партнерството со Европската комисија останува клучно за успешното спроведување на реформите.

-Очекувам дискусиите во Брисел дополнително да го зајакнат партнерството со Европската комисија и да обезбедат континуирана поддршка за реформските процеси, кои се од суштинско значење за напредокот на Македонија на патот кон членство во Европската унија, истакна министерот за јавна аминистрација Минчев.