Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Гаши и амбасадорот на Кореја разговараа за кандидатурата за генерален секретар на Интерпарламентарната унија

Кандидатурата на Република Кореја, која за генерален секретар на Интерпарламентарната унија –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кандидатурата на Република Кореја, која за генерален секретар на Интерпарламентарната унија – ИПУ го кандидира Сангсу Џун беше во фокусот на средбата на претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши, со амбасадорот на Република Кореја во Скопје, Ким Донгбае.

На средбата учествувале и пратениците Оливер Спасовски, Бобан Карапејовски и Арбана Пашоли, членови на делегацијата на Собранието во ИПУ.

Според соопштението од Собранието, Гаши ги повикал членовите на советот на консултативна средба бидејќи тие ќе учествуваат во гласањето за нов генерален секретар на ИПУ. Изборот ќе се одржи на 19 април 2026 година, во рамки на 152. Собрание на ИПУ во Истанбул.

Реклама

-Во таа насока, беше истакнато дека Собранието ќе го земе предвид секој кандидат за генерален секретар на ИПУ со должно внимание и врз основа на темелно разработен став, при што беше подвлечено дека иднината на организацијата зависи и од тоа колку нејзиното раководство ги препознава и застапува интересите на помалите и средните парламенти, стои во соопштението од Собранието.

Дополнуваат дека соговорниците разговарале и за можностите за подобрување на билатералните парламентарни односи, а на крајот на средбата била изразена заедничка определба за продлабочување на парламентарната соработка меѓу Македонија и Република Кореја, на билатерален и мултилатерален план, особено во рамките на Интерпарламентарната унија.