Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Муцунски во Варшава разговараше со Шикорски за ЕУ интеграцијата, партнерството во НАТО и за билатералната соработка

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Полска, Радослав Шикорски, престојуваше во работна посета на Варшава.

На средбата со својот домаќин, министерот Муцунски изрази задоволство од високиот степен на развој на македонско-полските односи, кои се цврсто поставени на позитивна патека, како и од искреното пријателство и споделените вредности што двете земји ги негуваат повеќе од три децении. Притоа нагласи дека тоа претставува солидна основа за континуиран раст и унапредување на севкупната соработка, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Двајцата министри се согласија дека во претстојниот период значаен фокус ќе биде ставен на продлабочување на економската соработка, зголемување на трговската размена и привлекување нови полски инвестиции во државата.

Реклама

Важен дел од разговорите беше посветен на евроинтегративниот процес, при што министерот Муцунски се заблагодари за континуираната полска поддршка. Тој нагласи дека Полска е еден од најдоследните и најгласни поддржувачи на политиката за проширување на Европската Унија, посочувајќи го нејзиниот активен ангажман во повеќе формати, вклучително и Вишеградската група, групата „Пријатели на проширувањето“ и Вајмарскиот триаголник.

Соговорниците разговараа и за одличната соработка како земји-сојузнички во НАТО, како и за актуелни регионални, глобални и безбедносни прашања.

Во рамки на заедничката прес-конференција, министерот Муцунски истакна дека партнерството меѓу двете земји е резултат на повеќе од три децении доверба, соработка и заедничка визија.

– Денес го потврдивме тоа партнерство и поставивме основа за негово натамошно продлабочување – особено во економијата и трговијата, како клучни столбови на нашите односи, изјави министерот Муцунски.

Во рамки на посетата на Варшава, министерот Муцунски оствари средба и со претседателката на Комисијата за ЕУ во Сејмот, Агњешка Помаска, на која се разговараше за евроинтегративниот процес на државата, како и за значењето на парламентарната соработка во унапредувањето на билатералните односи.