Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска на увид: Се градат „Новопланирана улица-2“ и „Пристапна улица-2“ во Расадник

– Во населбата Расадник во Општина Кисела Вода во тек се градежни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Во населбата Расадник во Општина Кисела Вода во тек се градежни активности за изградба на две нови сообраќајници – „Новопланирана улица-2“ и „Пристапна улица-2“. Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денеска изврши увид на терен, при што беше истакнато дека новата инфраструктура ќе донесе значително подобрување на безбедноста и сообраќајната поврзаност во овој дел од општината, соопштуваат од Општина Кисела Вода. 

Според техничката спецификација, како што пренесуваат оттаму, се поставува двослоен асфалтен коловоз на вкупна површина од 1.600 квадратни метри, ограничен со рабници од двете страни.

Истовремено, за поголема безбедност на пешаците, предвидено е поплочување на 460 квадратни метри тротоарски површини. Со цел трајно и ефикасно справување со атмосферските води, проектот вклучува нивно прифаќање преку постоечките сливници, но и изведба на нови повпивателни сливници кои ќе го штитат коловозот при обилни врнежи.

Реклама

-Со изградбата Новопланирана улица-2“ и „Пристапна улица-2“, во Расадник, градиме нови 1.600 квадрати асфалтно поврзување односно создаваме модерна и безбедна патна инфраструктура. Допонително, со правилно решавање на атмосферските води и квалитетно изведени коловози, директно влијаеме на подигнување на квалитетот на живеење и обезбедуваме побрза и посигурна комуникација за сите наши сограѓани. Продолжуваме со силно темпо, бидејќи вложувањето во инфраструктурата е инвестиција во иднината на Кисела Вода- изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.