Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Министерот за локална самоуправа Златко Перински во посета на Свети Николе

Министерот за локална самоуправ Златко Перински денеска беше во посета на Свети…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за локална самоуправ Златко Перински денеска беше во посета на Свети Николе, каде што во директни разговори со градоначалникот на општина Свети Николе, Дејан Владев , членовите на Советот и претставници на општинската администрација, беа разгледани тековните активности, приоритетите на локално ниво и напредокот во реализацијата на инфраструктурните проекти, со посебен акцент на мерките што носат непосредни придобивки за граѓаните.

Министерот за локална самоуправа Перински по посетата на Свети Николе информираше дека во Ресурсниот центар за поддршка на општините, веќе е воспоставена солидна база од експерти за стручна и техничка помош, а тоа значи овозможување на директна поддршка на општините на нивно барање.

 Притоа, беше најавено и започнување на нов процес за разгледување на потребата од измени на законското решение за меѓуопштинската соработка, со цел поттикнување и унапредување на овој важен инструмент за поефикасно користење на ресурсите и обезбедување поквалитетни услуги за граѓаните.

Реклама

 Со поддршка на Владата во рамки на двата јавни повика за финансирање на проекти за капитална инфраструктура за Општина Свети Николе финансирани се 23 проекти, во вкупна вредност од 168.434.241 денари.

-Овие инвестиции се директен одговор на потребите на граѓаните и доказ дека со координиран пристап и партнерство со општините, обезбедуваме рамномерен развој и подобри услови за живот во сите региони- изјави Перински.

Градоначалникот Владев, посочи дека Општината активно работи на подготовка и реализација на развојни проекти. 

-Во изминатиот период, активно работевме на подготовка и аплицирање на повеќе значајни проекти до Министерството за локална самоуправа. Овие проекти се насочени кон развој на инфраструктурата, подобрување на јавните услуги и создавање подобри услови за живот за сите наши граѓани- рече Владев.

Од Министерството за локална самоуправа информираат и дека преку Програмата за рамномерен регионален развој и Програмата за намалување на диспаритетите, дополнително се дава можност на општините да аплицираат со проекти со цел подобрување на локалната инфраструктура, унапредување на јавните услуги и зголемување на квалитетот на живот на граѓаните.