Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Започнува процесот за формирање Локално собрание на млади во Берово

Иницијативниот одбор за формирање на Локален младински совет при Општина Берово распиша…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иницијативниот одбор за формирање на Локален младински совет при Општина Берово распиша јавен повик за членство во Локалното собрание на млади, со цел зајакнување на младинското учество во креирањето локални политики.

Повикот е отворен за младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации, како и други облици на младинско здружување кои делуваат на територијата на општината и се активни најмалку една година.

Заинтересираните субјекти треба да номинираат делегат и заменик-делегат на возраст од 15 до 29 години, кои се жители на Општина Берово, и да достават соодветна документација, вклучително портфолио, мотивациско писмо и годишен извештај за работа.

Реклама

Рокот за пријавување е од 24 март до 3 април 2026 година. Апликациите ќе ги разгледува Иницијативниот одбор, со цел избор и формирање на Локалниот младински совет.

Дополнителни информации се достапни на телефон 033/470-057 или на електронската адреса [email protected].

Градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, го поддржува процесот како дел од напорите за поголемо вклучување на младите во локалната заедница.