По насока на Заев, Филипче имал средба со Милјан Шчекиќ во Ниш и средба со куќниот пријател на Зоран Заев – Башановиќ во Грција.
Како што си ги постави Ковачевски, па Филипче за претседатели на СДСМ, Зоран Заев си го постави и неговиот екс советник Башановиќ за шеф на ПР тимот во СДСМ, заедно со неговиот соработник Милјан Шчекиќ, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
Човекот кој е со контроверзно минато, избркан од сопствената партија и полн со сомнителни зделки во енергетиката и вклучен директно или индиректно во промената на името на државата Македонија, со име и презиме Зоран Башановиќ, сега го советува СДСМ и Филипче за нивните настапи во јавноста.

Односот кој Филипче и СДСМ го имаат спрема јавноста напишани во соопштенија или изговорени на прес-конференции, е директно по насока на Башановиќ и Шчекиќ, односно луѓето кои Зоран Заев ги најми да му помогнат на СДСМ.
Случајно или не случајно тие делуваат како прокси партија, а сето тоа поминува забележано од граѓаните кои се повеќе и повеќе не му веруваат на СДСМ и не му веруваат на Филипче.
На граѓаните веќе им е јасно кој стои зад овие лоши ПР политики на СДСМ и кој ги води во пропаст. Лица кои јавноста не ги памети по добро, туку по афери, скандали и криминали.
Но, СДСМ не успева да извлече поука, туку СДСМ продолжува да тоне во сопствената кал.
