Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Прилози

Државата и Oracle ќе обучуваат граѓани за дигитални вештини – повеќе знаење, поголема вработливост

Повеќе обуки, повеќе знаење, повеќе можности за работа – државата ќе ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе обуки, повеќе знаење, повеќе можности за работа – државата ќе ги зајакнува дигиталните вештини кај граѓаните. Министерството за дигитална трансформација заедно со една од најголемите технолошки фирми во САД, Oracle ќе обучуваат луѓе од различни возрасти и проефесии со цел полесно да се вклучат во современиот пазар на труд и да одговорат на потребите на дигиталната економија. Министерот Стефан Андоновски порача дека вистинската дигитална трансформација започнува со едукација и подготовка на кадар, а не само со воведување нови технологии.Според него, без дигитални вештини, нема напредок.

Со над 200 часа дигитална содржина достапна безплатно преку национален портал за учење граѓаните ќе имаат можност да ги развиваат своите дигитални вештини и да стекнуваат нови знаења.Ова партнерство има јасно дефинирани цели над 10.000 нови обучени граѓани во следните три години. Со амбиција најмалку половина од нив да стекнат меѓународно признати сертификати.Ова значи поголема вработливост и поголема конкурентност на пазарот на труд– вели Стефан Андоновски, министер за дигитална трансофрмација.

Од раководството на технолошкиот американски гигант Oracle очекуваат голема заинтересираност од страна на граѓаните. Тие сметаат дека ваквите иницијативи се особено важни за младите,но и за оние кои сакаат да направат кариерен пресврт.

Реклама

Ќе обезбедиме материјали за дигитална обука и основна сертификација за сите граѓани преку наменски портал секој граѓанин ќе може да пристапи на порталот и ќе биде бесплатно.Секој човек ќе може да следи и до 200 часа сертифицирана обука– изјави Пјер-Ален Бец – потпретседател на “Oracle”.

Иницијативата помеѓу Министерството за дигитална трансофрмација и Oracle има за цел да ја зголеми вработливоста и конкурентноста на пазарот на труд,во услови кога дигиталните вештини стануваат клучни за современата економија…

Инаку Oracle e компанија чие седиште е во Тексас, постои повеќе од 45 години  и се занимава со системи за управување со бази на податоци, кои ги користат банки, влади и големи компании ширум светот. Според јавно достапните податоци остварува приход од речиси 60 милјарди долари годишно.