Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Ставени во функција три агрометеоролошки станици во Општина Валандово

Со помош на апликацијата Agro Veda земјоделците од валандовскиот крај ќе може…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со помош на апликацијата Agro Veda земјоделците од валандовскиот крај ќе може да добиваат навремени информации за тоа како да постапуваат со земјоделските култури, откако Општина Валандово денеска ги стави во функција своите агрометеоролошки станици. Според информациите од општината, ќе функционираат три станици во Валандово, Пирава и Удово, со што ќе се опфати најголемиот дел од земјоделските површини во општинскиот регион.

-Ова е конкретен резултат на пристапот со кој општината вложува во современи решенија и директна поддршка за земјоделците. Наместо земјоделците да се потпираат само на сопствената интуиција при носењето одлуки, сега на располагање се точни и навремени податоци од терен, се вели во објавата на Општина Валандово.

Со апликацијата AgroVeda е предвидено да им се овозможи на земјоделците пристап до клучни агрометеоролошки параметри како, на пример, температура на воздухот, информација кога да се прска односно како да се врши заштита на земјоделските култури, а посебно на лозарските по кои е познат Валандовскиот Регион.

Реклама

Општинските власти најавуваат дека и во следниот период ќе продолжат со активности што носат практична корист за земјоделците, а ќе бидат организирани и презентации на кои детално ќе се претстават можностите и начинот на користење на апликацијата.