Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Десетгодишните леандри искастрени долж патеката од Нов до Стар Дојран

Општина Дојран спроведе акција за уредување на пешачката и велосипедската патека покрај…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Дојран спроведе акција за уредување на пешачката и велосипедската патека покрај дојранското крајбрежје. Во рамките на оваа активност, како што информираат од јавното комунално претпријатие „Полин“, искастрени се десетгодишните леандри, кои служат како зелен појас меѓу пешачката патека и регионалниот пат. Исто така, клупите за одмор поставени долж истата патека се префарбани и поправени. 

Заедно со комуналното претпријатие „Полин“, општинските власти ја санираа и фонтаната со фигура на девојката Дојрана во централното подрачје. Од „Полин“ најавуваат дека фонтаната е исчистена, поправена е пумпата за вода и осветлувањето и наскоро ќе биде пуштена во употреба. 

На почетокот од овој месец, Општина Дојран склучи меморандум за соработка со казнено поправните установи од Струмица и Гевгелија, со цел да се врши работно ангажирање на осудените лица кои издржуваат казни во овие две установи.

Реклама

Зелениот појас од леандри, чие одржување е во надлежност на Општината, е засаден со изградбата на вториот дел од патеката на потегот од Стар до Нов Дојран, кој се изгради пред десет години, во должина од 2864 метри и широчина четири метри и се состои од пешачка зона и простор за велосипедисти. Истата е продолжение на претходно изградената прва фаза, која пак, беше во должина од 2650 метри.