Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Во Македонска Каменица продолжуваат активностите за уредување и озеленување на просторот покрај стариот пат кон Кочани

Локалната самоуправа продолжува со активностите за расчистување и порамнување на просторот покрај…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Локалната самоуправа продолжува со активностите за расчистување и порамнување на просторот покрај стариот пат Македонска Каменица – Кочани, со цел да се обезбеди поубав и подреден јавен простор за граѓаните.

Според најавата на градоначалничката Соња Стаменкова, овој проект е дел од пошироките напори за уредување на јавните површини и подобрување на квалитетот на живот во општината.

-Веќе утре ќе започне засејување на трева, што ќе придонесе теренот да добие зелен и пријатен изглед. Работиме посветено за поубава и почиста Македонска Каменица. Нашата цел е просторот покрај стариот пат да стане пријатно место за прошетка и одмор за сите жители, изјави Стаменкова.

Реклама

Најави дека Општината планира дополнителни мерки за озеленување и одржување на јавните површини, со што се очекува градот да стане поуреден и пријатен за живеење.

-Ќе продолжиме да работиме посветено за поубава и почиста Македонска Каменица, а ваквите активности ќе продолжат и во наредниот период, подвлече Стаменкова.

Општината најавува дека планира дополнителни мерки за озеленување и одржување на јавните површини, со што се очекува градот да стане поуреден и пријатен за живеење.