Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Доделени признанија за најуспешните крводарители од Карпош

По повод 17 Март – Денот на крводарителството во нашата земја, денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод 17 Март – Денот на крводарителството во нашата земја, денеска во салата за состаноци на Општина Карпош, градоначалникот Сотир Лукровски им ги додели признанијата на крводарителите.

Во присуство на Маре Кочоска, секретар на општинската организација на Црвен Крст – Карпош, првиот човек на Карпош им ги врачил признанијата на Љубиша Трајковски, Игор Андреевски, Игор Стефановски, Марјан Костовски и Мирче Блажевски за мотиватори во крводарителството, на Мила Димитриевска за млад крводарител и Калина Величковска за млад мотиватор во крводаритеството, како и на Александар Анастасов, волонтер на Црвен Крст со најмногу волонтерски часови во 2025 година. Градоначалникот Лукровски им се заблагодарил за несебичната и хумана активност која ја покажувааат низ годините дарувајќи крв, како една од најблагородните човечки особини, и им посакал добро здравје во иднина.

-Како локална самоуправа, особено сме горди што воведовме низа социјални услуги, како што се „Итно копче за пензионери“, бесплатен транспорт за стари и изнемоштени лица, како и за лица на кои им е потребен придружник или личен асистент, но и услуги за помош и поддршка на лица со попреченост. Овие мерки се доказ за нашата континуирана грижа за секој поединец во заедницата, истакнал Лукровски.

Реклама

Општина Карпош, како што посочуваат од прес-службата, традиционално е на врвот од градските општини во Скопје кога станува збор за организирање на крводарителски акции и по бројот на собрани единици крв, благодарение на одличната соработка и активната поддршка од Црвениот крст и партнерските организации.

-Меѓу другото, локалната самоуправа создаде и респектабилна традиција на редовно крводарителство, мотивирајќи граѓани, компании и институции да даруваат крв, со што Општината дава пример за хуманост и солидарност на локално ниво. Во овие акции активно се вклучени нашите сограѓани – карпошани, општинската администрација, урбаните заедници, како и вработените во училиштата и градинките. Оваа масовност и солидарност се вистински пример за заедништво, соопштуваат од Општина Карпош.

Првите документирани податоци за крводарителски акции на територијата на Општина Карпош се од почетокот на формирањето на Црвениот крст, а од 1977 година, со формирањето на општинската организација на Црвен крст-Карпош, овие активности во континуитет се надградуваат и унапредуваат.