Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Прилози

Нервозни пазари – нафтата повторно над 100 долари

Пазарите продолжуваат да реагираат нервозно, кризата веќе не е закана само за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пазарите продолжуваат да реагираат нервозно, кризата веќе не е закана само за воената безбедност, туку и за глобалната економска стабилност. По вчерашниот пад на цената на нафтата, денеска таа повторно забележа раст од 3 проценти и се искачи повторно над 100 долари за барел.

Ова доаѓа откако иранските власти го демантираа американскиот претседател Доналд Трамп дека имале какви било разговори.

„Го негираме она што го изјави претседателот на САД, Доналд Трамп, во врска со преговорите што наводно се водат меѓу Соединетите Американски Држави и Исламската Република Иран. Остануваме на својот став и одбиваме каков било вид преговори сè додека не се постигнат целите на Иран од војната“, изјавија од иранското МНР.

Реклама

Ваквите изјави, кои не даваат надеж за крај на војната и отворање на Ормускиот теснец – една од најважните артерии низ која минуваат околу 20 проценти од светските испораки на нафта и гас – го блокираат и понатаму глобалниот проток на енергенси.

Според шефот на Меѓународната агенција за енергија, Фатих Бирол, од почетокот на војната до сега се загубени околу 11 милиони барели нафта, а ниту една земја нема да остане без последици доколку ситуацијата остане иста.

„Ситуацијата е многу сериозна, ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец“, изјави Фатих Бирол.

На терен, ситуацијата останува иста, со меѓусебни напади. Иран изутрина истрелал неколку серии ракети кон Израел, а израелската армија соопшти дека возвратила со големи напади врз цели во централен Техеран, меѓу кои командни центри поврзани со Иранската револуционерна гарда и иранското разузнавање.

Мартин Трајчевски