Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Општина Делчево и Доброволно противпожарно друштво „Волонтер“ потпишаа Меморандум за зајакнување на безбедноста на граѓаните

Општина Делчево и Доброволното противпожарно друштво „Волонтер“ Делчево денеска го потпишаа Меморандумот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Делчево и Доброволното противпожарно друштво „Волонтер“ Делчево денеска го потпишаа Меморандумот за соработка, со кој се отвора нова фаза на координација и подготвеност за реагирање при пожари и други елементарни непогоди.

Со потпишувањето на меморандумот, двете страни се обврзуваат на воспоставување континуирана соработка, реализација на заеднички активности и преземање конкретни мерки за подобрување на безбедноста на граѓаните.

Од Општина Делчево информираат дека ќе обезбедат логистичка и техничка поддршка на доброволното друштво, со цел зголемување на ефикасноста при интервенции на терен. Градоначалникот на општината Иван Гоцевски истакна дека ангажманот и придонесот на членовите на ДПД „Волонтер“ се клучни за заштита на заедницата и создавање побезбедна средина за сите жители.

Реклама

-Заштитата на населението и создавањето на сигурна средина остануваат врвен приоритет за општината. Соработката со ДПД ‘Волонтер’ значително ја зајакнува нашата подготвеност при елементарни непогоди,“ изјавија градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски.

Меморандумот, исто така, предвидува редовни заеднички обуки, симулации на интервенции и активности за подигање на јавната свест за превенција и правилно реагирање при пожари.

Со овој чекор, Делчево се позиционира како општина која посветено инвестира во безбедноста на своите граѓани, со континуирана поддршка на волонтерските организации кои играат значајна улога во справувањето со ризиците од елементарни непогоди.