Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Голем интерес за социјални станови во Дебар, до денеска доставени 66 барања

Голем интерес владее меѓу дебрани по објавениот оглас на Министерството за транспорт,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Голем интерес владее меѓу дебрани по објавениот оглас на Министерството за транспорт, со кој, во Дебар, треба да бидат распределени 47 социјални станови.

-До денеска имаме примено 66 барања, но овој број очекуваме да биде поголем, имајќи в предвид дека огласот, кој беше објавен на 27-ми минатиот, трае до 30-ти овој месец. Станува збор за распределба на 47 социјални станови со површина од 34 до 54 квадратни метри, рече Арлинда Муладаути-Телќиу, директорка на Меѓуоштинскиот центар за социјална работа.

Додава дека објектот е изграден по Програмата за изградба, продажба и одржување на станбениот простор во сопственост на Македонија, а согласно рамковниот договор за заем склучен меѓу Банката за развој при Советот на Европа и Македонија.

Реклама

Според неа, барање за добивање на социјален стан за користење под закуп може да поднесе лице, државјанин на Македонија, со постојано место на живеење во општината, како и лице кое е без стан во лична сопственост, на брачниот другар и на полнолетните членови на неговото заедничко домаќинство на територијата на државава, а да припаѓа на категориите кои се наведени во огласот. 

– Поконкретно, корисници на социјални станови може да бидат следните категории на граѓани кои се станбено необезбедени и тоа  деца без родители или родителска грижа – лица над 18 години кои до својата осумнаесетта година биле згрижени во институции и други облици за згрижување за деца без родители, корисници на правото на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни-природни непогоди без разлика на правниот статус на нивните постојни (примарни) живеалишта, лица со попреченост и семејства со лица со попреченост, како и лица припадници на ромската заедница, нагласува таа.

Посочува дека заинтересираните за сите потребни информации може да се јават во просториите на центарот, додавајќи дека становите ќе се распределуваат согласно методологијата за бодирање на кандидати за добивање на социјален стан под закуп и порачува дека становите ќе бидат распределени на фер и транспарентен начин.