Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Кумановската гимназија „Гоце Делчев“ домаќин на ученици и професори од европски држави, дел од меѓународна образовна размена

Кумановската гимназија „Гоце Делчев“ е домаќин на ученици од европски држави,  дел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кумановската гимназија „Гоце Делчев“ е домаќин на ученици од европски држави,  дел од меѓународна образовна размена преку  европски проекти за здрава исхрана и иновативна настава. Денеска, градоначалникот на општината  Максим Димитриевски и претседателката на  Советот, Ивана Ѓорѓиевска, се сретнаа со учениците и професорите кои се во посета на градот. „Гоце Делчев“ е домаќин на ученици од Мартиник, Франција, кои работат на темата „Здрава исхрана на твојата чинија“, како и на група ученици од Полска, вклучени во проектот „Наставата локално, соработка глобално“, фокусиран на иновативни пристапи во наставата по јазик, математика и дигитални вештини.

-Оваа мобилност е резултат на континуирана меѓународна соработка, воспоставена преку претходно реализирани проекти – „30 е многу доцна“ и „Дигитализирај се“, во партнерство со училиште од Нови Двор Мазовјецки, Полска, како и проектот „Одржливо инклузивно образование“, спроведен со партнер од Форт де Франс, Мартиник- наведуваат од општина Куманово.

Програмата вклучува и културно-едукативни активности. Предвидени се посети на Охрид и Скопје, каде учениците ќе имаат можност да се запознаат со културно-историското наследство, традицијата и современиот развој на државата. Сите активности се реализираат под координација на наставничката по информатика Јасмина Денковска, која активно работи на спроведување на проектите и оваа недела. Од Општина Куманово посочуваат дека ваквите размени претставуваат значаен сегмент од современото образование, бидејќи преку соработка, мобилност и иновации се развиваат компетенции релевантни за 21 век, се зајакнува интеркултурниот дијалог и се поттикнува градењето на отворено и инклузивно општество.