Реклама

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Македонија

Тошковски: Имаме раст на пријави за семејно насилство – жртвите сè повеќе се охрабруваат, следуваат итни законски измени

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека во последните недели…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека во последните недели е забележан значителен пораст на пријави за семејно насилство, а институциите интензивно работат на системски промени и подобрување на реакцијата кон жртвите.

Тој посочи дека бројките се значајно повисоки од вообичаеното и дека јавноста треба да биде свесна дека дел од растот се должи на зголемена доверба во институциите и охрабреност на жртвите.

– Ако претходно сме имале еден до два случаја неделно, сега имаме по неколку дневно. Само викендов имавме повеќе од 10 пријави за семејно насилство. Тоа говори дека жртвите се охрабрени да го пријават насилството. Тоа говори дека на еден начин имаме побудни институции не само во делот на БЈБ и секторите за внатрешни работи при МВР, туку и во рамките на другите институции – рече Тошковски по настанот со кој беше означен почетокот на кампањата на ОБСЕ за подигнување на јавната свест за ризиците од злоупотреба на малото и лесното оружје. 

Реклама

Министерот додаде дека ваквите бројки бараат итно дејствување од сите надлежни институции, особено во делот на зајакнување на системите за заштита и одговорност на оние кои што не постапиле соодветно.

Тошковски најави дека се подготвуваат и итни измени во законската рамка, која се однесува на семејното насилство, а процесот ќе се одвива во две фази – брзи законски интервенции и потоа целосна ревизија.

– Тоа е еден процес за кој ќе треба малку повеќе време. Ќе треба експертите од областа суштински да навлеземе не само во законската легислатива туку и во имплементирањето на веќе добрите законски решенија бидејќи имаме и добри законски решенија кои лошо се имплементираат. Секако дека на сето ова ќе треба да следува и одредено зајакнување на финансирањето од страна на државата на дел од процесите. Дополнително зајакнување на финансиски капацитети на одредени институции за да може соодветно да се одговори – рече министерот.