Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Општина Куманово ќе добие нова официјална веб-страница, дел од процесот на дигитализација на јавниот сектор

Општина Куманово ќе добие нова официјална веб-страница како дел од процесот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Куманово ќе добие нова официјална веб-страница како дел од процесот на дигитализација на јавниот сектор, инициран преку Министерството за дигитална трансформација, информираа денеска надлежните. Проектот произлегува од јавниот повик објавен во ноември минатата година, на кој општината аплицирала заедно со останатите единици на локалната самоуправа и институции.

-Општина Куманово во ноември минатата година учествуваше на јавниот повик на Министерство за дигитална трансформација до единиците за локална самоуправа и институции од јавниот сектор за изработка на официјални веб страни. Договор за уредување на права и обврски помеѓу Министерството за дигитална трансформација и Општината беше потпишан при крајот на февруари и интензивно се работи на нова посовремена и пофункционална веб страна што ќе биде попристапна за следење на информациите од страна на граѓаните-изјави раководителот на одделение за информатичка технологија Андријана Вукановска Цветковска

Според надлежните, новата платформа треба да понуди посовремен, функционален и кориснички ориентиран пристап до информациите, со акцент на транспарентноста и достапноста за граѓаните. Веб-страницата ќе овозможи полесно следење на општинските услуги, одлуки и тековни активности, што е клучен сегмент во јакнењето на дигиталната комуникација меѓу институциите и јавноста.