Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Во Битола се одржа работилница „Француските зборови (галицизми) во Македонскиот јазик“

Македонско научно друштво  (МНД) Битола, во соработка со Педагошки факултет-Битола и Европската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонско научно друштво  (МНД) Битола, во соработка со Педагошки факултет-Битола и Европската универзитетска алијанса КОЛОРС одржаа образовна работилница на тема „Француските зборови (галицизми) во македонскиот јазик“ на која беше нагласено значајното влијание на францускиот јазик врз македонскиот, особено преку присуството и употребата на галицизмите.

Работилницата ја водеше професор д-р Зоран Николовски, кој на студентите им понуди динамичен и интерактивен увид во зборови од француско потекло што го збогатуваат македонскиот јазик. Притоа, беа разгледани нивните значења, етимологија и употреба во различни сфери – од мода и политика до култура и спорт.

Настанот е во рамки на манифестациите за  одбележување на Денот на франкофонијата, а пред аудиториумот во Битола говореа Калиопа Кривашија Стилиновиќ, Почесен конзул на Република Франција во Битола, професор д-р Даниела Андоновска-Трајковска, претседателка на Македонското друштво – Битола и професор д-р Рената Петровска – Нечковска, академска раководителка на КОЛОРС.