Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Божиновска: Цените на горивата остануваат стабилни – обезбеден дополнителен попуст за дизелот

„Окта“ дополнително го зголеми попустот за дизелот од 2 на 3 денари…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

„Окта“ дополнително го зголеми попустот за дизелот од 2 на 3 денари за литар, односно воведе дополнителен попуст од 1 денар, со продолжување на мерката до 6 април. Ова е конкретен резултат на партнерскиот пристап и континуираната координација, со цел директни придобивки за граѓаните и стопанството – вели министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска. Таа додава дека преземените мерки од страна на Владата, меѓу кои и намалување на ДДВ-то за горивата од 18 на 10 проценти, во комбинација со конкретни чекори од економските оператори, даваат резултати и оти цените на горивата се стабилизирани, а ценовниот притисок е значително ублажен.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, нагласува таа, останува целосно посветено на следење на состојбите и, доколку е потребно, подготвено е да реагира со дополнителни мерки, со единствен приоритет – стабилен пазар и заштита на граѓаните и економијата.

Министерката Божиновска истакнува дека Министерството преку интензивна и директна комуникација со компанијата „Окта“ иницирала и обезбедила унапредување на условите за попустите на нафтените деривати, со јасна цел – дополнително намалување на ценовниот притисок врз граѓаните и стопанството.

Реклама

– Паралелно, со намалувањето на ДДВ-то од 18 на 10 %, обезбедивме дополнително намалување на цените за 6 до 7 денари за литар и спречивме ценовен шок на пазарот. Ова е пристап што дава резултат, со активна улога на државата и со заедничка одговорност со приватниот сектор да постигнеме заштита на животниот стандард и стабилност на економијата – нагласува министерката Божиновска. 

Од Министерството нагласуваат дека тоа што „Окта“ ја продолжува иницијативата за попусти на горивата и по првично предвидениот рок на крајот на март, при што мерката ќе трае до 6 април, попустот за дизел се зголемува од 2 на 3 денари за литар обезбедувајќи дополнителна поддршка за потрошувачите и придонесувајќи кон стабилизација на пазарот.

– Овој чекор доаѓа како резултат на континуираната комуникација и координација помеѓу Министерството и компаниите, со јасна цел – некои од олеснувањата да се пренесат директно кон граѓаните и стопанството. Ова претставува потврда дека активната улога на државата дава резултати и дека преку партнерство со компаниите може да се обезбедат конкретни придобивки за граѓаните и стопанството – вели таа. 

Истовремено, според неа, клучна улога во стабилизирањето на цените има и владината мерка за намалување на ДДВ-то за горивата од 18 на 10 %, која обезбедила директно намалување на цените за 6 до 7 денари за литар и спречила дополнителен ценовен шок.

– Со оваа комбинирана интервенција спречен е значителен раст на цените на горивата, обезбедена е стабилност на пазарот, заштитен е животниот стандард на граѓаните, намален е притисокот врз транспортот и економијата. Спречивме ценовен шок, ја стабилизиравме цената и обезбедивме конкретно намалување за граѓаните – истакна министерката Сања Божиновска.

Министерството нагласува дека одговорноста во вакви услови е заедничка и дека позитивниот пример со зголемениот попуст за дизел треба да биде следен и од другите учесници на пазарот, со цел бенефитите целосно да се рефлектираат во малопродажните цени.

Паралелно, снабдувањето со горива се одвива непречено, државните резерви се стабилни, а сите надлежни институции се во постојана координација и вршат засилени контроли на пазарот.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува целосно посветено на следење на состојбите и, доколку е потребно, подготвено е да реагира со дополнителни мерки, со единствен приоритет – стабилен пазар и заштита на граѓаните и економијата.