Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

Со концерт на ансамблот „Македонија“ ќе почне одбележувањето на 19 години од постоењето на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип

Со целовечерен концерт на ансамбл „Македонија“ вечерва ќе почне серијата настани по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со целовечерен концерт на ансамбл „Македонија“ вечерва ќе почне серијата настани по повод одбележувањето на 19 години од постоењето на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. 

Концертот ќе почне во 19 часот во Мултимедијалниот центар на Економскиот факултет, а пред публиката ќе бидат изведени: „Седнал Марко“ – соборски ора и песни од етничкиот предел Средорек, Жеглигово и Славиште, „Вено Пиле“ – вокална изведба од етничкиот предел Жеглигово, „Излегол Селман“ вокална изведба од етничкиот предел Жеглигово, „Каршијак“ – соборски ора и песни од етничкиот предел Скопска Блатија, „Јанино“ – оркестарска изведба, „Малешевска“ – оркестарска изведба, „Чангулово“ – соборско оро од етничкиот предел Малешево, „Шетнала се Јана“ – соборски ора и песни од етничкиот предел Пијанец.

За 26 март исто така во Мултимедијалниот центар закажана е Ораторска вечер, а на 27 март ќе се одржи Свечена академија. 

Реклама

-Патрониот празник на Универзитетот „Гоце Делчев” – Штип претставува значаен чин за одбележување на вредностите врз кои се темели нашата академска заедница и миг за заедничко чествување на улогата на Универзитетот во унапредувањето на високото образование, науката и општествениот напредок. Вашето присуство на овој свечен настан, ќе ни претставува особена чест – наведува во поканата проф. д-р Дејан Мираковски, ректор Универзитет „Гоце Делчев” – Штип.

На 30 март во Свечената сала во Ректорат ќе се оджи промоција на доктори на науки.

Во најавата се нагласува станува збор за низа настани кои го обединуваат академскиот и културниот живот на Универзитетот, со учество на професори, студенти и гости од земјата и странство.