Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Тркалезна маса за можноста за воведување уставна жалба

Подигнување на свеста и поттикнување суштински институционален дијалог за можните уставни измени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Подигнување на свеста и поттикнување суштински институционален дијалог за можните уставни измени и законодавни реформи поврзани со воведување уставна жалба, како механизам за директна заштита на основните слободи и права пред Уставниот суд, е целта на денешната тркалезна маса насловена „Воведување на уставна жалба?“, во организација на Делегацијата на Европската Унија и Уставниот суд на Македонија.

Како што информираат организаторите, тркалезната маса ќе обезбеди платформа на високо ниво за размена на мислења меѓу претставници на институции, експерти и други засегнати страни во правниот сектор.

На тркалезната маса се предвидени воведни излагања од претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија Дарко Костадиновски, премиерот Христијан Мицкоски, амбасадорот на Европската Унија во Македонија Михалис Рокас и амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Килиан Вал.

Реклама

Предвидено е да се одржи и прес-конференција на претседателите на Уставниот суд и на Владата, како и презентација на наодите од „Анализата за уставната жалба“, подготвена од експертски тим ангажиран во рамки на проектот финансиран од Европската Унија. Во таа насока ќе се обрати раководителот на тимот, Карстен Манке, заедно со правен експерт.

Дополнително, предвидени се излагања и стручни согледувања на темата од претставници на академската и научната правна јавност, меѓу кои професорите Тања Каракамишева-Јовановска и Јетон Шасивари.

На настанот, експертите од проектот ќе ги презентираат клучните наоди и препораки, кои отвораат простор за детална дискусија околу можноста за проширување на опфатот на правата што се штитат пред Уставниот суд, главните карактеристики на потенцијалните модели за реформи, европските искуства и нивната применливост во домашната правна рамка.

Анализата е целосно усогласена со приоритетите утврдени во Стратегијата за развој на правосудниот сектор 2024–2028, за што организаторите нагласуваат дека претставува важен чекор кон унапредување на владеењето на правото и зајакнување на заштитата на човековите права во земјата.

Настанот се организирана во рамки на проектот со финансиска поддршка на ЕУ: „Зајакнати капацитети на Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на донесените нормативни акти и заштита на основните права“.