Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Савески: Немав контакти со Владата за изборот, но неопходна е соработка за реформи во обвинителството

Новиот државен јавен обвинител Ненад Савески вели дека во текот на процесот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новиот државен јавен обвинител Ненад Савески вели дека во текот на процесот на избор немал никакви контакти со Владата, ниту со премиерот. Тој во интервју за една од националните телевизии, на директно прашање дали бил контактиран од Владата, односно од премиерот, кусо одговори: „Не.“

Савески изјави дека и самиот бил изненаден од таквиот развој на настаните, но го оценува како знак на водење грижа за интегритетот на процесот.

-Меѓу тие многумина коишто биле зачудени, бев и јас. Да бидам искрен, очекував да бидам повикан од професионален аспект, како некој којшто евентуално би бил предложен или разгледуван да биде предложен, сметав дека е сосема легитимно да бидам повикан и да имаме средба на којашто јас би ги презентирал своите идеи – вели Савески.

Реклама

Тој смета дека ваквиот пристап од Владата имал за цел да избегне сомнежи за политичко влијание врз неговата кандидатура.

-Јас така гледам на тоа и искрено, мене тоа ми причинува огромно задоволство и верувам дека намерите на Владата со таквиот однос кон мене се токму да се испрати порака дека не сакаат да остават простор дека јас сум нивни предлог откако се остварила некоја средба или има некоја позадина – нагласи Савески.

Во однос на идната комуникација со институциите, државниот обвинител најавува дека самиот ќе иницира средби со претставници на извршната власт, но исклучиво во насока на институционална соработка и реформи.

-Видете, ниедна институција не може изолирано да функционира. Соработката помеѓу институциите е неопходна, просто самиот ‘чекс-енд-балансис систем’ на којшто уставно е изграден нашиот правен поредок бара меѓуинституционална соработка. Јас би побарал лично средба со премиерот и конкретни министри со коишто би сакал да поразговарам откако ќе ја мапирам состојбата во обвинителството – рече Савески.

Сепак, потенцира тој, на таквите средби нема да се разговара за конкретни предмети. -Секако не. Секако не – одоговори државниот обвинител.,

Во однос на критиките од премиерот за правосудството, државниот обвинител вели дека нема да ги коментира директно, но смета оти секоја критика треба да се анализира.

-Секоја критика, според мене, е само начин да видиме каде сме, каде треба да се коригираме и во кој правец треба да продолжиме – изјави Савески, нагласувајќи дека тие не смеат да влијаат врз независноста на обвинителството, туку да послужат како основа за подобрување.