Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Ласовска: Цените на горивата се под контрола, деривати има доволно

Благица Ласовска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, беше дел од дебатната емисија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Благица Ласовска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, беше дел од дебатната емисија на една од националните телевизии и реплицираше на Сања Лукаревска, пратеник на СДСМ, а гости во емисијата беа и Даниел Стојчевски и Халил Снопче. Ласовска истакна дека покачување на цените на горивата нема да има, и како што вели таа, деривати има доволно, се наведува во соопштеноието на ВМРО-ДПМНЕ.

,,Од влада која што неколкукратно ги покачи акцизите,не можеме да бараме совет. Она со кое што можеме да се согласиме, е дека сите оние мерки коишто, СДСМ деновиве ги истакнуваат, не се исклучени“, вели Ласовска.

Ласовска посочи дека залихите на деривати се доволни, па граѓаните не треба да се грижат за поскапување.

Реклама

,,Не е точно дека се покачиле горивата, дизелот само ќе се покачи 3 и пол денари. Она што како Влада вчера јасно се стави до знаење, е дека од денес ќе имаме практично 30 дневна кризна состојба, деривати имаме доволно. Граѓаните треба да бидат спокојни, нема да се покачуваат цените на горивата, а со тоа значи и дека нема да се одврти онаа спирала на покачување. Ќе интервенира Владата. Оваа мерка е сега почетна. Како што кажавме, може да биде и до 0%. Сега е на 10% ДДВ-то, може да дојде до 5%, може и до 0“, истакна Ласовска и додаде:

,,Не значи дека за овие две недели нема да интервенираат, доколку нешто се случува. Она што може Владата да интеревенира, го прави сосема навремено“.