Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Драмски театар со крводарителска акција ќе го одбележи Светскиот ден на театарот

Драмски театар  Скопје на Светскиот ден на театарот – 27 Март, од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Драмски театар  Скопје на Светскиот ден на театарот – 27 Март, од 11 до 17 часот во фоајето на театарот, ќе организира крводарителска акција со мото „Дарувај крв – одиграј ја најхуманата улога!“.

Хуманитарната акција за дарување крв ДТС ќе ја организира во соработка со Црвен крст на Македонија – Општинска организација Карпош, со цел да се поттикне свеста за значењето на крводарителството и да се помогне во спасување човечки животи.

Како што соопшти Драмски, со само еден чин на дарување, секој поединец може да придонесе за спасување нечиј живот, да даде надеж и да биде дел од  синџирот на добрина што ја прави заедницата посилна и похумана.

Реклама

-По повод 27 март – Светскиот ден на театарот, а во духот на театарот како уметност што ја слави човечноста, емпатијата и заедништвото – актерите од Драмскиот театар ги повикуваат сите граѓани да учествуваат во оваа благородна акција и да станат дел од еден чин на хуманост и солидарност кој има вистинска и непроценлива вредност. Во знак на благодарност, секој крводарител ќе добие подарок – два билета за претстава за која сѐ уште има билети од редовниот репертоар во текот на април. Ги повикуваме сите хумани граѓани да ја прифатат оваа иницијатива и заедно, во годината кога ја одбележуваме 80-годишнината на Драмски, да покажеме дека театарот не е само сцена туку и простор на вистинска грижа, солидарност и љубов кон човекот, наведува Драмскиот театар.