Реклама

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Македонија

ЈП „Лајка“ воведува програма за привремено згрижување на кучиња

Јавното претпријатие „Лајка“ ја воведува програмата за привремено згрижување, која опфаќа обезбедување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавното претпријатие „Лајка“ ја воведува програмата за привремено згрижување, која опфаќа обезбедување краткорочен дом за кучињата од прифатилиштето, заедно со целосна логистичка и стручна поддршка за згрижувачите. 

– Привременото згрижување претставува краткорочна грижа за куче од прифатилиштето, во домашни услови, сè до негово трајно вдомување. Овој модел овозможува кучињата да се социјализираат, да стекнат рутина и повторно да изградат доверба во луѓето, што значително ги зголемува шансите за успешно вдомување, наведуваат од „Лајка“.

Како поддршка на згрижувачите, ЈП „Лајка“ ќе обезбеди храна за целото времетраење на престојот, комплетна ветеринарна грижа, стручна поддршка и насоки, како и промоција на кучето за вдомување.

Реклама

Нагласуваат дека за вклучување во програмата не е потребно претходно искуство, туку желба за помош, основни услови и одговорен пристап.