Реклама

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче e против тоа граѓаните да заштедат пари, тој е синоним за најнеуспешната влада на Заев

СДСМ и Филипче до вчера велеа нема мерки и сега кога Владата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ и Филипче до вчера велеа нема мерки и сега кога Владата презема мерки велат зошто има мерки. На СДСМ и Филипче ништо не им чини. СДСМ и Филипче настапуваат тотално без концепт. За тоа кој ја става Македонија во подредена и неподредена позиција, да потсетиме дека Венко беше еден од апологетите на најкриминалната влада во историјата на Македонија, а таа е владата на Заев и Филипче, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Што се однесува до позицијата како се однесува државата во криза, кога и државата беше во ковид кризата, да се потсетиме како се однесуваа Венко и Заев, кога десетици илјади луѓе ги загубија животите, и додека луѓето умираа тој договараше вакцини, Стабри провизии, и додека модуларната гореше тој правеше анекси.

Кога народот го лажеа дека ќе дојдат Фејсбук и Гугл, а не се отвори ни една нова инвестиција, Филипче се радуваше кога ќе добиеше вакцини и од тоа правеше настан и како свадба без невеста ги чекаа на граница.

Реклама

Во однос на заложбите на Владата, со денешната одлука се заштедуваат околу милион и пол илјади евра седмично, коишто граѓаните ќе ги дадеа доколку не беше оваа мерка. И нема струјата да поскапи како во време на СДС.

Однесувањето на Филипче говори дека српските мешетари претставени од Башановиќ и Шчекиќ не можат да го извадат од фекалиите и барата во кои самиот Филипче тоне се повеќе и повеќе. Оваа тактика на српските мешетари Башановиќ и Шчекиќ ги носи СДСМ и Филипче во сигурна пропаст.

СДСМ ги остави граѓаните да преживуваат во нивно време со 150 денари на ден.

Кога СДСМ зборува за економските политики на Владата, да ги потсетиме дека тие ја доведоа државата на раб на банкрот, платите стагнираа, а пензионерите секојдневно беа на улиците барајќи зголемување на пензиите. Јавниот долг беше над 60 отсто и историски највисок во нивно време.

СДСМ го колабираше енергетскиот сектор, граѓаните плаќаа енормно високи сметки за струја додека кланот Заеви и Филипче профитираа од нивните фамилијарни бизниси.

Функционерите во СДСМ, го ограбуваа енергетскиот сектор во Македонија. Од целиот синџир на криминални тендери, не изостана ниту сега душегрижникот претседател на СДСM, Венко Филипче.

Па затоа нека каже од каде му е службеното луксузно Ауди и каква е неговата врска со Енис Колашинац кој ЕСМ го снабдуваше со јаглен за време на власта на СДСM и бугарската фирма.

СДСM со Заев и Филипче, три пати ја зголемија акцизата на нафтата кога беа на власт. И со тоа зголемување на цените, ја отворија спиралата на покачување на сите цени. Инфлацијата во време на СДСM беше двоцифрена, а СДСM и ДУИ не вложуваа во капитални инвестиции, туку инвестираа во нивните џебови.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги следи настаните и реагира на време, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се грижи за зголемување на стандардот на граѓаните.