Реклама
Прилози

Владата го намали ДДВ за горивата од 18 на 10 проценти следните 2 недели, ударот врз граѓаните се ублажува

За да се спречи ценовниот шок со поскапување на горивата Владата донесе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За да се спречи ценовниот шок со поскапување на горивата Владата донесе одлука да се намали ДДВ-то за горивата од 18 на 10 проценти.Тоа во пракса значи дека без оваа мерка дизелот ќе поскапеше и над 10 денари.Сега ќе оди нагоре само околу 3 денари. Бензинот, пак,останува речиси ист.Мерките ќе траат две недели. А според пресметките, дневно ќе се штедат околу 200 илјади евра – пари што инаку ќе одеа за поскапо гориво.

Со ова можам да кажам дека на граѓаните им заштедуваме отприлика околу 200 илјади евра на ден, или некаде околу милион и пол илјади евра седмично имајќи предвид дека просечната потрошувачка е некаде околу милион и шестотини илјади литри од коишто милион и двестотини литри се дизел гориво, отприлика 75% а останатите четиристотини илјади литри се бензин 95 и 98 октански, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Покрај ова, Владата води дополнителни разговори со „Окта“ за зголемување на попустот што го дава на трговците. Во моментов попустот изнесува два денари по литар.

Реклама

“Oчекувам дека во текот на утрешниот ден министерката за енергетика, минерални суровини и рударство ќе разговара со директорот на ОКТА да се зголеми овој попуст, односно попустот коишто тие го даваат на трговците коишто се нивни корисници, тогаш очекувам да во суштина имаме и пониска цена од оваа максималната којашто ја определува РКЕ којашто би била за до 3 денари пониска во делот на бензините 95 и 98 октани, а за дизел горивото отприлика да немаме зголемување на цената којашто и досега беше 92 денари” – вели Мицкоски.

Според премиерот Македонија енергетски е стабилна. Има доволни количини јаглен – акумулациите се полни 40%. Единствен предизвик за Владата е цената на мазутот. Државата планира да интервенира со околу 2.000 тони мазут за АД ЕСМ.Целта е да не се зголемат трошоците и да нема поскапување на струјата за граѓаните.

“Во функција се блоковите во термоелектраната Битола 1 и 3. На депонија во Битола имаме околу 80 илјади тони јаглен, во Кичево 160 илјади тони, акумулациите се на ниво од 40% или тоа би било доволно за се да престане тие само да работат за отприлика месец дена да имаме доволно електрична енергија, но нормално се останато си функционира нормално така што електро енергетскиот систем е апсолутно стабилен” – изјави премиерот Мицкоски.

И додека цените на горивата дивеат во светот, Македонија има најниски цени на дизелот и бензинот од земјите во регионот. Засега не е проблем што странци од околните земји точат гориво кај нас, и тоа во овој момент не се забранува. Во однос на цените во маркетите, премиерот најави засилени контроли на пазарот. И предупреди дека во време на криза, нема место за злоупотреби. Порача дека трговците и производителите мора да се однесуваат одговорно.

Ања Лукарова