Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Стоилковски: И покрај фаталните грешки, лекцијата во СДСM не е научена

На телевизија Алфа Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ дискутираше за евроинтегративниот пат на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На телевизија Алфа Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ дискутираше за евроинтегративниот пат на Македонија и блокадите од страна на Бугарија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Кога Македонија требаше да го смени Уставот, да го смени името за да влезе во НАТО и во Европска Унија, Софија немаше никаков проблем со ништо во рамки на добрососедството, кога влегуваше Македонија во НАТО немаше никаков проблем од страна на Бугарија, од тогаш навака на три пати се појавува. Колку отворањето на Уставот сега понатаму ќе биде решение за тоа, и ќе се остава простор Софија во секои наредни предизборија да имаат нови и нови теми поврзани со национализмот“, рече Стоилковски.

Стоилковски објасни дека Македонија се наоѓа во ваква ситуација поради грешките направени од претходната власт и посочи дека лекцијата во СДСM и покрај сите фатални грешки, се уште не е научена.

Реклама

„Грешка е направена од страна на претходната власт, којашто идеше отворено без размислување и покрај сите предупредувања дека не треба и дека ќе биде злоупотребено сето тоа и дека летвичката ќе се крева се погоре и погоре“, рече Стоилковски и додаде:

„Лекцијата во СДСM и целиот систем на СДСM како партија, како поддржувачи, како поранешни експерти, не е научена. Би требало да се застане да се види до каде е ситуацијата, да се направи едно единство во државата. Мислам дека СДСM мора да ја научи таа лекција и да престане да биде бомбаш- самоубиец со вакви настапи како на Андреј Жерновски или на други, за евроинтеграциите да бараат да биде променет Уставот. СДСM нема политика којашто ја креира, не поминува кај Македонците“.