Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСM разоткриени, зад Харис Џиновиќ, ДОС, мал Вучиќ стојат советниците на Заев, Башановиќ и Милан Счекич

СДСM со српска ПР машинерија ја манипулира јавноста, Башановиќ и Заев диригираат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСM со српска ПР машинерија ја манипулира јавноста, Башановиќ и Заев диригираат и ги влечат конците зад сцената. СДСM користи надворешна ПР поддршка за креирање на соопштенија и прес-конференции со кои ја манипулира јавноста. Зоран Башановиќ, екс советникот на Зоран Заев има клучна улога во ПР тимот на СДСM и Филипче. Зоран Заев стои зад ангажирањето на ПР структурата, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Пред само неколку месеци, по препорака на Зоран Заев, Филипче оди во Ниш, Србија и остварува средба со Милан Счекич, човек кој сега е задолжен за штанцање на лажните соопштенија и прес-конференции на СДСM.

Милан Счекич е лице задолжено за креирање на комуникациите, човек кој работи во српската ПР агенција “Ај медија” (Eye Media), а преку Башановиќ и Заев е понуден да работи за СДСM.

Реклама

ПР активностите се координирани и водени од Скопје, екс советникот на Заев, Зоран Башановиќ и Милан Счекич, се сместени во скопскиот хотел Парк и од таму го водат центарот за лаги на СДСM.

Токму затоа СДСM е толку многу опседната со СНС и Србија. Вклученоста на странски ПР структури и лица, меѓу кои и Милан Счекич, отвораат сериозна дилема за транспарентноста и автентичноста на пораките што СДСM ги пласира во јавноста.

Граѓаните заслужуваат вистина, а не конструирани наративи, навреди и манипулации. Политичката комуникација треба да се темели на факти, аргументи и отчетност, а не на сценарија креирани однадвор и странски институции спротивно на интересите на државата.

ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на транспарентност, отчетност и комуникација заснована на вистината и интересот на граѓаните.