Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод Рамазан Бајрам

Претседателот на Собранието Африм Гаши, по повод големиот муслимански празник – Рамазан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Собранието Африм Гаши, по повод големиот муслимански празник – Рамазан Бајрам, упати честитка до верниците од исламска вероисповед со желби за добро здравје, мир, радост и благосостојба.

-Почитувани граѓани од исламска вероисповед, Дозволете ми по повод големиот празник Рамазан Бајрам, од мое лично име и од име на Собранието на Македонија, да Ви упатам искрени честитки и најтопли желби за добро здравје, мир, радост и благосостојба, се вели во честитката од Гаши.

По деновите на пост, молитва, солидарност и духовна посветеност, се потенцира, Рамазан Бајрам нè потсетува на трајните вредности на хуманоста, меѓусебната почит, разбирањето и помагањето.

Реклама

-Овој голем празник носи порака за љубов, милосрдие и заедништво, вредности кои се од особено значење за градењето хармонично, праведно и достоинствено општество. Нека бајрамските денови Ви донесат спокој во домовите, радост во семејствата и надеж во срцата. Во духот на празникот, да продолжиме заеднички да негуваме соживот, толеранција и почитување, како темели на нашата заедничка иднина. Честит Рамазан Бајрам!, се истакнува во честитката од претседателот на Собранието Африм Гаши по повод Рамазан Бајрам.