Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Панел-дискусија за трансформацијата на војувањето и иднината на колективната одбрана на НАТО во Скопје

Институтот за национална историја – Скопје, во соработка со Фондацијата „Конрад Аденауер“,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Институтот за национална историја – Скопје, во соработка со Фондацијата „Конрад Аденауер“, организира панел-дискусија од серијалот „Дијалог за историја и стратегија“ на тема „Еволуција или револуција во војувањето? Од Заливската војна до Украина: континуитет, промени и иднината на колективната одбрана на НАТО“.

Настанот ќе се одржи денеска во Порта Македонија со почеток во 10:30 часот, а во фокусот ќе бидат промените во современото војување, влијанието на новите технологии врз воените операции и предизвиците со кои се соочуваат вооружените сили и системите за колективна одбрана.

Според организаторите, дискусијата ќе ги разгледа трансформациите што се случија по Заливската војна во 1991 година, кога технолошката надмоќ, прецизното оружје, воздушната доминација и информациската предност беа сметани за клучни фактори во современото војување. Воедно ќе се анализира како искуствата од конфликтите на Балканот, во Авганистан, Ирак и Украина влијаеле врз воените доктрини и стратегии.

Реклама

Посебен осврт ќе биде ставен на улогата на беспилотните системи, електронското војување, вештачката интелигенција, мрежното командување и прецизните оружени системи, како и на значењето на логистиката, индустрискиот капацитет и отпорноста на државите во современите конфликти.

Централно прашање на панелот ќе биде дали актуелните промени претставуваат постепена еволуција на воените концепти или доволно длабока трансформација за да се говори за нова револуција во воените работи.

Главен говорник ќе биде началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Сашко Лафчиски, а на панелот ќе учествуваат и претставници на академската заедница, акредитирани воени аташеа во земјава, претставници на Воената академија, питомци, професори, студенти на постдипломски студии, како и експерти од областа на безбедноста и одбраната.

Организаторите нагласуваат дека целта е да се поттикне стручна дебата и размена на мислења меѓу воени професионалци, дипломати, академски истражувачи и идни офицери за историските искуства и современите предизвици пред НАТО и националните одбранбени системи.