Реклама

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Владата на Мицкоски со резултати кои го надминуваат 7-годишниот мандат на СДСМ и ДУИ

Македонија

Трибина: Жртвите на насилство од Североисточниот регион бараат помош во Скопје – потребен е регионален центар и системска поддршка

Во Североисточниот плански регион сè уште нема прифатилиште за жени жртви на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Североисточниот плански регион сè уште нема прифатилиште за жени жртви на родово базирано и семејно насилство потребно е унапредување на системот на заштитата, кажаа учесниците на денешната трибина „Состојба во Североисточниот плански регион во однос на заштита на жените и децата жртви на родово базирано и семејно насилство и идни чекори“, организирана во рамки на проектот „Советувалиште за жртви – Комфор зона за жени“.

Трибината се одржа во рамки на проектот „Советувалиште за жртви на родово базирано и семејно насилство – Комфор зона за жени“, спроведен од страна на хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово во партнерство со Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство – Скопје, а со поддршка на Австриската агенција за развој (ADA) како дел од INTERNATIONAL PARTNERSHIPS AUSTRIA.

Според Маја Балшиќеска од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство изјави дека на жените во регионот им се потребни специјализирани услуги.

Реклама

-Во Североисточниот плански регион имаме само едно советувалиште, кое го води здружението „Мајка“. Нема кризен центар, нема женски центар, ниту засолниште за привремен престој на жртвите-изјави Балшиќеска.

Таа потенцираше дека воспоставувањето на вакви услуги не зависи само од граѓанскиот сектор, туку и од институциите, Министерството за социјална политика, демографија и млади, но и од општините кои треба да обезбедат простор и финансиска поддршка.

Во државата, додава Балшиќеска, има успешни примери на меѓуопштинска соработка кои можат да се применат и во североистокот, каде Куманово ќе биде носител. Во моментов, жртвите од овој регион најчесто се упатуваат во Скопје, што дополнително го отежнува пристапот до заштита.

Балшиќеска посочи дека официјалните бројки не ја отсликуваат реалната состојба.

– Секоја година расте бројот на пријавени случаи, но тоа се само околу два проценти од реалното насилство. Главните причини за непријавување се недовербата во институциите и недостапноста на услуги на локално ниво, истакна таа.

Според Балшиќеска токму географската недостапност е клучен проблем, бидејќи жртвите не можат да бидат дислоцирани далеку од својата средина, особено кога имаат деца на училишна возраст.

Лидија Илиевска од здружението „Мајка“ Куманово информираше дека иако во претходниот период бил воспоставен кризен центар, тој моментално не функционира поради недостаток на финансии.

-Во 2024 година воспоставивме кризен центар каде што жртвите можеа да престојуваат до 72 часа по напуштање на насилната средина. За жал, оваа година сервисот не функционира поради недостиг на средства- изјави Илиевска.

Во Куманово функционира советувалиште од 2022 кое обезбедува психолошка, социјална, правна и кариерна поддршка. Најголем интерес има за психолошка помош и придружба до институции, бидејќи жртвите често се соочуваат со административни и системски бариери. Во 2024 година, услугите ги користеле 148 жени, додека во првите три месеци од годинава веќе се евидентирани 11 нови кориснички.

Илиевска нагласи дека советувалиштето веќе опслужува жени од целиот регион, но без системска поддршка неговата одржливост е неизвесна.

– Ни се обраќаат жени и од Крива Паланка, Кратово, Ранковце и други општини. Затоа е важно тие општини да се вклучат во финансирањето, за да се обезбеди континуитет и проширување на услугите-изјави Илиевска.

Учесниците на трибината заклучија дека воспоставувањето регионален центар и засолниште за жртви на насилство е итна потреба, која бара координирана акција на државните институции и локалните самоуправи.