Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ) денеска организира брифинг за медиумите, на кој ќе бидат презентирани клучните наоди од истражувањето „Снаоѓање или корупција? Неформални плаќања, врски и подароци во здравствениот систем“.
Истражувањето, како што наведува ЕСЕ, е спроведено преку анкета на репрезентативен примерок граѓани и фокус-групи во шест општини во Македонија, а се реализира во рамките на проектот „Посилен систем за поправедна заштита: Намалување на корупцијата во здравството“.
