Реклама

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Скршени заби и сериозни повреди – брутално претепано 13 годишно дете во скопско Влае

Партиска математика што го релативизира поразот – се засилува притисокот врз раководството на СДСМ по Брвеница

Мицкоски: Цените на храната и пијалаците во Македонија се меѓу најниските во регионот

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Македонија

Адили Емини на ПАБСЕК: Потребна е посилна регионална соработка за дигитална трансформација

Пратеничката Валбона Адили Емини, член на Делегацијата на Собранието на Македонија во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеничката Валбона Адили Емини, член на Делегацијата на Собранието на Македонија во Парламентарното собрание на Организацијата за црноморска економска соработка (ПАБСЕК), учествуваше на 66. седница на Комисијата за економска и развојна политика, која се одржа во Букурешт, Романија.

Како што информираат од собраниската прес-служба, во фокусот на дискусијата на седницата на Комисијата бил извештајот на тема „Дигитална трансформација во земјите членки на Црноморската економска соработка“. Во рамки на оваа точка бил разгледан и нацрт-извештајот, како и предлог-препораката која се однесува на унапредување на дигиталната трансформација и продлабочување на регионалната соработка во оваа област.

Во своето обраќање, пратеничката Адили Емини нагласила дека дигиталната трансформација претставува еден од клучните приоритети на националната агенда на Република Северна Македонија, особено во контекст на европската интеграција и модернизацијата на економијата и јавната администрација.

Реклама

Адили Емини посочила дека Македонија има постигнато значителен напредок во развојот на дигиталната инфраструктура, со речиси целосна покриеност со 3G, 4G и 5G-мрежи, што создава солидна основа за развој на дигиталната економија. Таа истакнала и дека државата е активно вклучена во повеќе европски иницијативи поврзани со дигиталната трансформација, вклучително и програмите за високоперформансно компјутерство и регионалната дигитална агенда за Западен Балкан.

И покрај постигнатиот напредок, таа укажала дека остануваат и предизвици кои треба да се надминат, особено во делот на зголемување на инвестициите во дигиталните вештини на граѓаните, зајакнување на регулаторната независност и понатамошно усогласување на националното законодавство со европските стандарди во областа на дигиталните комуникации и кибербезбедноста.

Пратеничката Адили Емини ја истакнала и важноста од продлабочување на регионалната соработка во рамките на ПАБСЕК, нагласувајќи дека иницијативите како меѓусебното признавање на електронските потписи, стандардизацијата на форматите на податоци и создавањето интегриран регионален дигитален простор можат значително да придонесат за економскиот развој и за подобрување на услугите за граѓаните и бизнисите.

На крајот од своето излагање, Адили Емини јала изрази поддршката на Делегацијата на Собранието на Македонија за препораките содржани во извештајот и ја нагласи подготвеноста за понатамошна активна соработка во рамките на ПАБСЕК со цел поттикнување на дигиталната трансформација и економскиот развој во регионот.